Душан Влаховиќ нема да биде дел од репрезентацијата на Србија за претстојните натпревари во Лигата на Нации. Напаѓачот на Јувентус не се најде на списокот на селекторот Пикси и ова е вторпат во низа да не биде дел од селекцијата, не беше во комбинација ниту за дуелите во септември.
Но, на денешната прес-конференција Пикси вели дека не се работи за никаков проблем. Претходно, Влаховиќ се најде на списокот, па објави дека нема да може да одговори на повикот поради семејни проблеми, а сега Пикси вели дека напаѓачот самиот побарал да не биде во составот и за овој собир.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Нема никаков бојкот од никого. Разговарав со сите. Влаховиќ двапати ме замоли да не доаѓа поради семејни проблеми. Ми кажа дека може да се посвети на решавање на тој проблем само за време на паузите и јас тоа го почитувам. Извесно е дека се работи за голем проблем, а јас не сакам да одам во детали за играчот да ми се исповеда“, објасни Пикси.
На списокот го немаше ниту Милинковиќ-Савиќ.
„Кога во прашање е Сергеј донесовме заедничка одлука да го прескокне овој термин. Верувам дека во ноември ќе биде спремен да се приклучи на репрезентацијата. Тоа е договор помеѓу мене и него. Се надевам дека и Влаховиќ ќе нема проблеми за наредниот собир“, истакна српскиот селектор.