Ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл на лето сигурно заминува од „Сантиаго Бернабеу“, пренесува шпанскиот весник „Марка“.
Бејл не ја искористи шансата оваа сезона да го замени Кристиано Роналдо, па „кралевите“ веќе го загубија трпението со Велшанецот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Раководството на Реал Мадрид веќе го известило Герет Бејл дека планира да го продаде ова лето, притоа изразиле благодарност за неговото однесување од пристигнувањето во 2013 година.
Има неколку заинтересирани клубови за Велшанецот, но проблемот е што се уште нема официјални понуди за него. Најголем проблем секако е неговата плата која изнесува 17 милиони евра по сезона.
Меѓутоа, тоа нема да го спречи Реал во својата немера да се раздели со Бејл и според последните информации „кралевите“ се спремни да го пуштат на позајмица.
Најсилен интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен, кои сигурно ќе бидат спремни да го донесат Велшанецот на позајмица.
Велшанецот за Реал одигра вкупно 227 натпревари и има скор од 102 погодоци и 63 асистенции. Оваа сезона на 38 настапи запиша 14 погодоци и пет асистенции.
?? Zidane atendió en zona mixta a #RMTV, donde habló sobre el partido frente al @AthleticClub. Este es el análisis del técnico francés… #HalaMadrid pic.twitter.com/KNVcyxER7d
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) April 21, 2019