Ниту еден играч на Барселона не е означен како „недопирлив“, пренесува „Марка“.
Од „Камп Ноу“ се спремни да се разделат со секој фудбалер за кој ќе пристигне добра понуда.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Новиот претседател Жоан Лапорта е спремен да направи големи промени ова лето. Со сигурност многу фудбалери ќе бидат продадени, со цел да се намали буџетот за плати.
Ова лето сигурно ќе си заминат Самуел Умтити, Кутињо, Жуниор Фирпо и Нето, а изненадување е што Барселона е спремна да слушни понуди и за играчи како Жерард Пике и Серхио Бускетс.
Наскоро Лапорта ќе добие заем од 500 милиони евра, но примарната цел на Каталонците е да го убедат Лионел Меси да стави потпис на нов договор.