Репрезентацијата на Мексико стигна до бронзениот медал на олимписките игри во Токио откако денес беа подобри од домаќинот Јапонија со 3:1.
Мексико до водство од два гола стигна брзо, прво Кордова погоди во 13. минута, а на 2:0 зголеми Васкез само девет минути подоцна. На полувреме се замина со тој резултат, се беше решено после неполн еден час игра кога Вега се запиша во листата на стрелци за 3:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Конечните 3:1 на 12 минути пред крајот ги постави Митома.
Утре на програмата е мечот за златото, во финалето ќе се сретнат Бразил и Шпанија. „Кариоките“ се и актуелни олимписки шампиони од Рио.