Дома Фудбал Останато Нема крај на хаосот во Партизан, клубот остана и без претседател

Нема крај на хаосот во Партизан, клубот остана и без претседател

Фудбалскиот клуб Партизан потврди дека Милорад Вучелиќ поднел оставка oд функцијата претседател.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Црно-белите во своето соопштение на официјалниот сајт ја пренесоа изјавата на Вучелиќ по одлуката и потсетија на најголемите успеси на Партизан во неговиот мандат.

По оставката се огласи и Партизан.

„Претседателот на ФК Партизан Милорад Вучелиќ поднесе оставка од функцијата претседател на клубот. Претседателот Вучелиќ во таа прилика изјави дека „улогата на претседател на Партизан му претставувала голема чест, тешка должност и обврска“.

„Тоа го работев долги години, работејќи во рамките на законските овластувања и според моите можности. Со тешко срце, донесов одлука дека не можам повекее и затоа поднесувам оставка од функцијата претседател и изразувам голема благодарност до моите колеги и сите кои ми помогнаа во овие тешки моменти за Партизан“, изјави Вучелиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англичанец застана пред камерите и за „кражбата“ против Хрватска кажа тоа што сите мислат

Часови по драматичниот натпревар помеѓу Хрватска и Португалија во осминафиналето од Светск…