Дома Фудбал Партизан во голем проблем, не добил лиценца за настап во Европа!

Партизан во голем проблем, не добил лиценца за настап во Европа!

Партизан не успеа да добие УЕФА лиценца за следната сезона, ексклузивно дознава Спорт клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Клубот од Хумска беше одбиен на првото ниво од страна на соодветната комисија на Фудбалската федерација на Србија.

Според известувањата, документацијата на Партизан содржи неколку грешки. Наводно, се работи за финансиски детали и пробивање на одредени рокови. Комисијата за лиценцирање, следејќи ги детално упатствата, донесе негативна одлука.

Партизан има можност да поднесе жалба на второстепената комисија во процесот на лиценцирање. Одлуката на комисјата за жалби, доколку од Хумска достават конкретен приговор, би можела да се очекува дури во мај.

Црно-белите последниот ден од март успеаја да ги решат финансиските недостатоци и да поднесат барање до Фудбалската федерација на Србија, која е задолжена и за УЕФА лиценцирање. По продажбата на Андреја Костиќ на Милан и приходите од 3,5 милиони евра, се испостави дека ни таа сума не е доволна за решавање на проблемите. Затоа, преку различни канали, клубот во последен момент обезбеди дополнителни 1,2 милиони евра.

Но и тоа не беше крај на маките на Партизан. Клубот од Хумска повторно се соочува со сериозен проблем во трката за УЕФА лиценца. Таква е денес реалноста на црно-белиот фудбал…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар може да стане шампион в петок

Вардар е на чекор до нова шампионска титула во македонскиот фудбал, откако беа потврдени т…