Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас оцени дека Барселона моментално не е финансиски способна да го врати Лионел Меси, но додаде дека се надева дека ситуацијата ќе се промени.
„Во моментов Барселона не може да го регистрира Меси, но има уште време“, изјави Тебас на прес-конференција, додавајќи дека се чека „план за изводливост од Барселона“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Ла Лига изрази „надеж“ дека каталонскиот клуб ќе успее да ја врати аргентинската ѕвезда, чиј договор со Пари Сен Жермен истекува во јуни.
„Нема да ги менуваме правилата за финансиска контрола одобрени од клубовите, за да може Барса да го регистрира Меси, дури и ако нашата желба е тој да се врати во нашиот шампионат“, изјави Тебас.
Меси ја напушти Барселона во летото 2021 година, преминувајќи во ПСЖ. Меси на 69 натпревари постигна 31 гол, но не успеа да стане идол во Париз, особено поради неуспехот на парискиот клуб во Лигата на шампионите.