Дома Фудбал Останато „Навивачите на Ливерпул плачат по Вернер како да е Роналдо или Меси“

„Навивачите на Ливерпул плачат по Вернер како да е Роналдо или Меси“

Tимо Вернер ќе стане нов играч на Челзи. Ова беше вест која ги разочара навивачите на Ливерпул кои со месеци се надеваа дека Вернер ќе се приклучи на нивниот тим.

Така се најавуваше, но на крајот Челзи победи во трката.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Меѓутоа Стен Колмор смета дека во Ливерпул не треба толку да жалат по Вернер.

„Неговото доаѓање во Челзи е совршено за него, за Челзи и Лајпциг.Станува збор за напаѓач кој е добар и ветува. Но, некои навивачи на Ливерпул плачат по него како да се работи за Меси или Роналдо. Тие се европски, светски и наскоро ќе бидат и англиски шампион. Огромен притисок ќе беше за него ако дојдеше во Ливерпул, ако видиме и дека Ливерпул го има најдобро балансираното напаѓачко трио не знам како Вернер би се вклопил тука, можеби и би пропаднал“.

„Во Челзи ситуацијата е поинаква ќе игра покрај Абрахам и Жиру. Да тоа се добри играчи, но не се како триото на Ливерпул. Освен тоа Вернер уште не е готов производ, а Ливерпул е на ниво на кое му требаат такви играчи“, смета Колмор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во „Билд“ убедени: Знаат што ќе се случи со Винисиус!

Германскиот БИЛД тврди дека Реал Мадрид има намера да го продаде Винисиус претстојното лет…