Дома Фудбал Останато Некогашниот голман на ПСЖ заврши зад решетки: Ова е крај за неговата фудбалска кариера

Некогашниот голман на ПСЖ заврши зад решетки: Ова е крај за неговата фудбалска кариера

Никола Душе, 37-годишниот чувар на мрежата на францускиот второлигаш Ленс, е уапсен откако брутално ја претепал својата девојка.

Полицијата на девојката забележала покриени модрици и крв, додека плачела и повикувала помош среде руинираниот стан, се вели во извештајот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Самиот Душе делувал „изиритирано, очите му сјаеле и се чувствувал алкохол“.

Неговата девојка потврдила дека според нејзините зборови се обидел да „и ја скрши главата“.

Ја фатил за коса и ја удрил нејзината глава во ѕид и од подот, пренесуваат француските медиуми.

Душе во текот на својата кариера пет години мина во ПСЖ, а од 2016. година е во Ленс, со кој има договор до 2019. година.

Нема сомнеж дека по нанесувањето на тешки телесни повреди на својата понежна половина, го очекува и затворска казна, а може слободно да се констатира дека неговата професионална кариера во фудбалот е завршена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Симеоне за првпат се огласи по хаосот на „Енфилд“ во кој ќе се степааше со навивачите

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изрази жалење поради инцидентот со навивачите …