Делонте Вест е бивш кошаркар кој играше во најсилната светска кошаркарска лига НБА и заработуваше милиони долари по сезона, а денес живее како бездомник.
Американската јавност е шокирана од видеото на кое може да се види како екс кошаркарот кој живее како бездомник брутално е претепан на улица.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вест играше заедно со Леброн Џејмс во Кливленд, во кариерата заработи повеќе од 16 милиони долари а сега живее на улица.
Во 2008 година на Вест му било дијагностицирано биполарно пореметување, кое не го лекувал за време на кариерата како кошаркар. Денеска Делонте е сам и оставен без ништо. Човекот кој заработувал милиони сега е на дното. На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како Вест брутално на сред улица во родниот Вашингтон е тепан од непознат човек. Има и видео на кое екс кошарарот е уапсен и носи лисици.
Вест најдобрата сезона во НБА ја имал во 2006/2007 година кога во дресот на Хјустон имал просек од 12,2 коша по натпревар. Имал големи проблеми со маничната-депресивна психоза. Во септември во 2009 година е уапсен поради тоа што кај себе имал два пиштола, а во куферот за гитара сачмарка Ремингтон 870.