Дома Македонски спорт Нека падне Чешка за осминафинале против Србија!

Нека падне Чешка за осминафинале против Србија!

Денес од 20.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје македонската одбојкарска сениорска репрезентација ќе го игра последниот петти натпревар во групата „Ц“ на Европското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Директната пресметка против Чешка ќе одлучи која репрезентација ќе го освои третото место во групата „Ц“ и победникот од тој меч во осминафиналето ќе игра против Србија на 10 септември во Бари.

Србите по триумфот над Германија од 3:1 во сетови (25:22, 20:25, 25:22, 25:19) го освоија второто место во групата „А“, зад првопласираната Италија, а Германците завршуваат како третопласирани.

Во осминафиналето групата „Ц“ вкрстува со групата „А“, сите двојки на стартот од нокаут фазата ќе се дознаат по следниот принцип (А1 – Ц4, Ц1 – А4, Ц2 – А3, А2 – Ц3).

Вчера против Холандија не можевме да сметаме на нашиот капитен, Никола Ѓоргиев, а се надеваме дека денес ќе го имаме на располагање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …