Дома Фудбал Останато Незапаметено: Ниту обложувалниците не знаат кој е фаворит кога играат Бока и Ривер

Незапаметено: Ниту обложувалниците не знаат кој е фаворит кога играат Бока и Ривер

Ретко кога се случува коефициентите да се исти, но во случајот на финалето на Копа Либертадорес е токму така.

Двата најголеми аргентински клуба од Буенос Аирес се среќаваат во финалето на Копа Либертадорес и навистина е тешко да се прогнозира кој ќе биде подобар во наредните два натпревари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Првиот се игра на „Бонбоњера“ каде што Бока е домаќин за четири дена, а потоа за 15 дена следи реваншот на „Монументал“.

Обложувалниците како никогаш претходно ги изедначија коефициентите за двата тима кои играат во финалето. Па така коефиециентот за Ривер или Бока дека ќе бидат шампиони изнесува 1.90.

Јасно е кога играат овие два клуба фаворит нема, овде ништо не се знае до последниот судиски свиреж, само прашање е колку жолти или црвени картони ќе има, а Аргентина стравува и од големи нереди на улиците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо го запре трансферот на Канте

Францускиот играч за врска Нголо Канте нема да стане новото засилување на Фенербахче. Иако…