Дома Луд Спорт НЕВЕРОЈАТНО: Роман Абрамович во еден ден загубил 534 милиони долари, ова се лоши вести за Челзи

НЕВЕРОЈАТНО: Роман Абрамович во еден ден загубил 534 милиони долари, ова се лоши вести за Челзи

На рускиот тајкун, Роман Абрамович во последно време не му оди добро ниту со Челзи, но ниту надвор од спортот.

Сопственикот на „Сините“, имено, само еден од многуте руски богаташи кои силно беа погодени од санкциите на САД. Иако клубот од Лондон минатата сезона го врати трофејот во Премиер лигата на „Стемфорд Бриџ“, оваа година не може да се препознае и има се помалку надеж дека следната година ќе игра во Лигата на Шампионите.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


За Абрамовиќ многу поголем проблем претставуваат санкциите кои Американците ги воведоа за многу руски бизнисмени, компании и политичари. Како што пишува „Москва Тајмс“, сопственикот на Челзи по само 24 часа загуби неверојатни 534 милиони долари Вкупно, најбогатите луѓе на Русија, од нив 50, првиот ден од санкциите загубија 12 милијарди долари.

Поради губењето на пари надвор од фудбалот, голема е веројатноста во летниот трансфер период Абрамович да не одвои пари за засилувања, но затоа сигурно дека ќе продаде некои играчи за да ја обнови банкарската сметка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Гатузо после 22 години ја избричи брадата

Легендарниот Италијанец, Џенаро Гатузо учествуваше во хуманитарната акција „Брадеста аукци…