Дома Фудбал Останато НЕВЕРОЈАТНО: Речиси 3.5 голови по натпревар беа постигнати во четвртфиналето од ЛШ и ЛЕ

НЕВЕРОЈАТНО: Речиси 3.5 голови по натпревар беа постигнати во четвртфиналето од ЛШ и ЛЕ

Спектакуларни натпревари, чудесни пресврти, огромни возбудувања, сомнителни ситуации и премногу голови го обележаа четвртфиналето од двете европски натпреварувања.

Последната недела беше пропаганда на континенталниот фудбал, а УЕФА ги трие рацете, бидејќи гледачите и спонзорите за кратко време од најубавата игра добија се што бараа. Па и уште повеќе.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Головите никогаш не се доволни. Но, тешко дека некогаш ќе видиме повеќе голови во натпреварите во четвртфиналето од ЛШ и ЛЕ. Потсетуваме како тоа изгледаше.

Резултатите од четвртфиналето во Лигата на Шампионите:

Ливерпул – Манчестер Сити 5:1

Рома – Барселона 4:4

Реал – Јувентус 4:3

Баерн – Севиља 2:1

Вкупно 24 гола, 3 по натпревар.

Резултати од четвртфиналето во Лигата на Европа?

Арсенал – ЦСКА 6:3

Марсеј – Лајпциг 5:3

Салзбург – Лацио 6:5

Атлетико – Спортинг 2:1

Вкупно 31 гол, 3.88 по натпревар.

Просечен број на голови по натпревар во четвртфиналето на ЛШ и ЛЕ е 3.44.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алиоски со супер гол донесе голем бод против Белгија

Македонската репрезентација одигра одличен меч против Белгија и одигра 1:1 на Арената во С…