Дома Фудбал Германија Неверојатен пресврт на Баерн, Левандовски го доби дуелот со Халанд 🎥

Неверојатен пресврт на Баерн, Левандовски го доби дуелот со Халанд 🎥

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд одиграа спектакуларен натпревар кој на крајот им припадна на Баварците со 4:2.

„Милионерите“ фуриозно го започнаа мечот, па Халанд го шокира европскиот шампион после само 2 минути игра.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Шест минути подоцна Халанд покажа дека е во фантастична форма и ја зголеми предноста.

Меѓутоа, Баерн не се предаде и успеа да направи комплетен пресврт, а херој за Баврците беше Левандовски кој постигна хет-трик. Полскиот голгетер до крајот на полувремето постигна два гола и на одмор се замина со резултат 2:2.

Во второто полувреме имаше многу возбудувања, но немаше голови се до самиот крај. На две минути до крајот Горецка го донесе Баерн во водство, а Левандовски погоди за конечени 4:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…