Бразилскиот голман Алисон пред две години дојде во Ливерпул како најскап голман во тоа време (Кепа Аризабалага подоцна го сруши неговиот рекорд) и две сезони подоцна можеме да видиме дека Ливерпул не погреши.
Во Ливерпул Алисон дојде од Рома за сума од околу 70 милиони евра и во изминатиот период ја освои Лигата на шампионите, а сезонава и Прмиер лигата на која Ливерпул чекаше 30 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Две години подоцна Алисон има еден неверојатен податок – нема загубено натпревар на „Енфилд“ како голман на Ливерпул. Алисон на „Енфилд“ има еден пораз, но не како играч на Ливерпул.
Поразот на Алисон е како голман на Рома со која гостуваше кај Ливерпул, од кога е во таборот на „црвените“ се уште не знае за пораз на домашен терен.