Дома Фудбал Англија Не се чекаше долго: Клоп му одговори на Мурињо!

Не се чекаше долго: Клоп му одговори на Мурињо!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо пред неколку дена го „пецна“ својот колега од Ливерпул, Јирген Клоп поради трансфер плитиката.

Мурињо изјави дека „смешно е како Клоп го менува мислењето“, алудирајќи на скапите трансфери кои ги направи Ливерпул ова лето. Притоа се обиде да му наметне притисок и заклучи дека „црвените“ се фаворити за титулата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Да, Мурињо малку сака да игра психолошка војна, но тоа е во ред. Слушнав дека сум му бил смешен, една од најголемите цели во животот ми е да го насмеам Жозе, тоа не се случува често“, возврати Клоп.

Клоп во минатото го критикуваше трансферот на Погба, кој беше рекорден во тоа време, истакнувајќи дека тоа не е негова филозофија.

„Не паметам што точно кажав но знам дека говорев за трансферот на Погба. Немам никаков проблем со коментарите на Жозе Мурињо, ова е слободен свет и секој може да кажа што сака. Доколку тој е среќен за нашите трансфер активности тогаш уште подобро“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси ја покажа својата магија, но шоуто го украде Суарез (Видео)

Фудбалерите на Интер Мајами победија како домаќини Атланта Јунајтед со резултат 4:0, а нај…