После веста дека трансферот на Рабио во Барселона може да пропадне поради неговата мајка, се појавува нова – Баерн Минхен тргнува по неговиот потпис!
Добро познатиот медиум и секогаш известен кога станува збор за работи кои се случуваат во Франција, „Радио Монте Карло“ тврди дека Баерн ја започнал операцијата „Рабио“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред една недела во сите поголеми спортски медиуми ширум светот беше потврдено дека Рабио се договорил со Барселона, сепак сега работите изгледа се променети.
Хасан Салихамиџиќ наводно остварил контакт со ПСЖ и им понудила сума (не се открива колкава) да го купи Рабио уште во јануари. Кога ова ќе го поврземе со претходната веста и проблемите кои ги создала мајката Вероника која е негов агент оваа зделка не изгледа нереално.
Оваа вест стигна и до Каталонија каде што утрово медиумите излегуваа со наслов „Аларам во Каталонија“.
За крај се наведува и дека на Рабио повеќе му се допаѓа идејата да замине од ПСЖ во јануари, што е и очекувано затоа што во Париз до лето ќе биде „закован“ на клупата за резерви.
Повеќе за компликациите кои ги направи мајката на Рабио можете да прочитате тука.