Дома Фудбал Англија Не му беше сеедно: Погба гледа додека сите го исмејуваат! (ВИДЕО)

Не му беше сеедно: Погба гледа додека сите го исмејуваат! (ВИДЕО)

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба на мечот против Вест хем направи голема глупост. Тој без потреба им подари пенал на гостите од Лондон, по што тие постигнаа гол за водство од 1-0 од белата точка.

За среќа на „ѓаволите“, тие успеаа да освојат бод кој им значи многу во последното коло, кога за пласман во Лигата на шампиони ќе треба да гостуваат кај Лестер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Потегот на Погба стана интересна тема во Англија, по што Французинот доби жесотки критики поради тоа што го направи, а сега се појави интересно видео од теренот.

Тоа го прикажува Погба, кој тажно гледа кон Антонио и соиграчот Бруно Фернандеш, кои го коментираат неговото играње со рака и се смеат на ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…