Денес од 16:00 часот помеѓу останатите натпревари во Премиер лигата се игра и натпреварот помеѓу Брајтон и Фулам.
Тимот на Фулам ова лето потроши огромна сума и доведе голем број играчи, а еден од новајлиите беше и играчот за врска Жан Мишел Сери, кој уште од минатото лето го доби прекарот „црниот Чави“, најмногу поради интересот од Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тогаш Барселона покажуваше огромен интерес да го доведе, но не успеа, тој остана во Ница. Ова лето повторно се поврзуваше со „Ноу Камп“, го сакаа уште Арсенал и Наполи, а на крајот изненадувачки во трката победи Фулам.
Зошто толку европските клубови го сакаа во своите редови, Сери покажа со денешната маестралана асистенција за Андре Шурле.