Милан минатата година го донесе Тео Хернандес од Реал Мадрид и тоа се покажа како една од најдобрите аквизиции за „росонерите“ изминатите години.
Милан ова лето сериозно е заинтересиран за напаѓачот Лука Јовиќ за кого веќе започна преговори со Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, „Скај Италија“ открива дека двата клуба преговараат и за талентот на „кралевите“ Оскар Родригез, кој оваа сезона игра на позајмица во Леганес.
„Росонерите“ се сериозно заинтересирани за офанзивниот играч за врска, кој оваа сезона постигна 9 гола и запиша 5 асистенции на 29 настапи.
Милан наводно е спремен да плати 20 милиони евра за неговиот потпис, а Реал нема против да го продаде фудбалерот.