Никола Миленковиќ игра фантастична сезона во дресот на Фиорентина и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивеци во Серија А.
21-годишниот српски репрезентативец е еден од најбараните одбранбени фудбалери и не е тајна дека Фиорентина за него одби понуда од Атлетико Мадрид „тешка“ 40 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваа и за интересот на Манчестер Јунајтед за Миленковиќ, но сепак најсериозен интерес за него покажува Јувентус.
Имено, директорот на „старата дама“ Фабио Паратичи во живо го гледал мечот помеѓу Фиорентина и Сасуоло, а главна мета бил токму Миленковиќ.
„Бјанконерите“ се заинтересирани и за првата ѕвезда на Фиорентина, Федерико Киеза, а италијанските медиуми тврдат дека Јувентус ги сака двајцата фудбалери во „пакет“.
Јувентус спрема реконструкција и подмладување на одбраната ова лето, а една од главните мети ќе биде 21-годишниот српски репрезентативец.