Арбитарот не ја забележа топката по ударот на Лео Меси, половина метар која ја мина гол-линијата, а вечерва истиот на мечот помеѓу Еспањол и Тенерифе досуди пенал за паметење.
Играчот на гостинскиот тим, Сеанз ја допра топката на 18 метри од голот, по шутот на напаѓачот на Еспањол, Алваро Васкез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, иако тоа сите го забележаа, Вилануева не го виде. Досуди пенал на општо неверување на фудбалерите на Тенерифе, а Џерард Морено погоди за 1:1.
Навистина голема грешка направи тој во само неколку дена, и челниците на Ла Лига вторпат добро ќе размислат дали воопшто ќе го стават на листите за продолжението на сезоната.