Дома Топ вести Најстариот фудбалер во светот не планира да застане: Ќе ја игра и својата 40-та сезона во кариерата

Најстариот фудбалер во светот не планира да застане: Ќе ја игра и својата 40-та сезона во кариерата

Поранешниот јапонски репрезентативец, 57-годишниот Казујоши Миура најави дека ќе игра фудбал и во наредната сезона со што ќе ја одигра својата 40. јубилејна сезона во кариерата.

Во овој момент го носи дресот на Атлетико Сузуки кој се натпреварува во четвртата јапонска лига и тоа како позајмен фудбалер од Јокохама која е во втората лига.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Не планирам да одам во пензија. Мојата страст кон играта се уште е како и порано“, изјави Миура кој дебитираше за бразилскиот Сантос уште во 1986 година. Низ кариерата играше во клубови од Хрватска, Јапонија, Италија и Австралија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Два поранешни премиерлигаши се враќаат во највисокиот ранг на англискиот фудбал

Бaрнли во понеделникот го победи Шефилд Јунајтед со 2-1 и си обезбеди промоција во Премиер…