Виктор Осимен ќе потпише нов договор со Наполи и тоа е најважно за клубот кој се надева дека повторно ќе ја освои титулата во Серија А и ќе започне eден вид доминација во Италија.
Еден од најважните играчи во овој проект на Наполи дефинитивно е Виктор Осимен, кој и покрај големиот број понуди ќе остане во клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот постигна договор за продолжување на соработката и Осимен според новиот договор ќе остане во Неапол до јуни 2026 година.
Според информациите на Ди Марцио, Осимен ќе добива 10 милиони евра годишно, нето, со дополнителни бонуси, меѓутоа ќе биде вметната и откупна клазула.
Секој кој ќе сака да го доведе ќе може да го направи тоа без да преговара со Наполи за 150 милиони евра, со тоа што оваа клаузула нема да важи во првата година од договорот за италијанските клубови.
Инаку, со споменатите 10 милиони евра Осимен ќе биде најплатениот фудбалер досега во Наполи.