Англискиот „Дејли Стар“ пренесува навистина интересна вест во завршницата од преодниот рок.
Имено, според информациите на овој медиум тимот на Челси е спремен да го понуди Давид Луиз на Арсенл со цел да ги добие услугите на Оливие Жиру.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што се наведува се чека само договорот околу Жиру за да бидат реализирани три големи трансфери, Мичу во Борусија, Обамејанг во Арсенал и Жиру во Челси.
Од друга страна познато е дека Венгер сака да ја засили одбраната. Се обидуваше со Џони Еванс од ВБА, но сумата од 25 милиони фунти која ВБА ја бара за Ирецот е превисока за „топчиите“.
Поради ова оваа опција за Арсенал би можела да биде одлична. Жиру кој не е среќен во клубот и сака поголема минутажа би заминал, а за возврат би добиле фудбалер кој ќе ја засили последната линија во тимот.
Останува да видиме што ќе се случи во финишот од преодниот рок и дали после размената Санчез-Михтаријан ќе видиме уште една помеѓу два англиски гиганти во еден преоден рок.
Chelsea star David Luiz has been offered to Arsenal in a shock Olivier Giroud swap deal. (Source: Daily Star) pic.twitter.com/hP2nZN8Fat
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 30, 2018