Дома Топ вести Најлудиот трансфер оваа зима: Легендарниот фудбалер си го откупи синот од Фиорентина

Најлудиот трансфер оваа зима: Легендарниот фудбалер си го откупи синот од Фиорентина

Легендарниот романски фудбалер, Ѓеорѓе Хаџи е автор на една од најлудите трансфер стории оваа зима. Тој како сопственик на фудбалскиот клуб Виторул го откупи договорот на неговиот син од Фиорентина.

Па така, 19-годишниот крилен фудбалер, Јанис Хаџи за 2 милиони евра ќе се врати во својата татковина. Ова е воедно и најголемиот износ кој овај клуб го платил за некој играч во својата историја.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ѓеорѓе Хаџи, кој е директор и тренер на романскиот клуб, пред две години го продаде својот син во Фиорентина исто така за 2 милиои евра.

Јанис минатата сезона во Фиорентина одигра два натпревари, а оваа сезона играше само за младиот тим. Неговиот татко беше разочаран од односот на италијанскиот клуб и реши да си го откупи синот и да го врати во Виторул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…