Дури 80 милиони евра платил Арсенал во 2019 година за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, но тој не ги оправда вложените пари.
Тој на „Емирати“ пристигна од Лил како големо засилување, а малкумина можеа да поверуваат дека подоцна ќе им направи проблем на „Топчиите“ кои минатата сезона го позајмија во Ница и летово решија да го раскинат договорот со него.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според објавата на Твитер од новинарот Санти Ауна, Арсенал деновиве ќе го раскине договорот со Пепе.
Иако има договор до летото 2024 година, Топџиите немаат намера да му дадат осум милиони евра за уште една година.
Поранешниот англиски репрезентативец Дарен Бент го нарече трансферот на Пепе најлош во историјата на Арсенал, ако се споредат случувањата на теренот со висината на трансферот.
Одлуката на Арсенал потсетува на онаа на Барселона, која минатиот месец се откажа од Самуел Умтити, иако Французинот сè уште имаше договор до 2026 година.
До ова лето, кога англискиот вицешампион од Вест Хем го грабна Деклан Рајс за околу 117 милиони евра, рекордер беше Пепе.
Во 112 настапи за Арсенал, тој постигна 27 гола и даде 21 асистенција.
Неколку медиуми објавија дека Пепе најверојатно ќе ја продолжи кариерата во турскиот гигант Бешикташ како слободен играч.