Мајк Дин вчера во натпреварот помеѓу Вулверхемптон и Манчестер Јунајтед го покажа својот 100-ти црвен картон во Премиер лигата.
После остриот старт Ешли Јанг заработи исклучување во 57-та минута, Дин му покажа втор жолт, односно црвен картон и така стана првиот судија во Премиер лигата кој покажал 100 црвени картони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дин беше главен судија на 472 натпревари, а неговата кариера ја обележија неколку инциденти од оној кога славеше гол против Тотенхем па до неверојатната реакција кога им пушти предност на играчите на Свонси во натпреварот против Манчестер Јунајтед.
Во сезоната 2017/2018 Рахим Стерлинг кој веќе имаше жолт картон постигна гол во судиското продолжени и истрча да прослави со навивачите. После ова Дин му покажа втор жолт картон и го исклучи Стерлинг, а публиката на стадионот не можеше да си поверува што гледа.
Sterling sent off for the worst foul I've seen in the history of football – Mike Dean again. pic.twitter.com/TVZ8TalAfv
— KD (@ManCityKD) August 26, 2017
Фил Џонс во натпревар кој се играше во јануари 2017 година остро стартуваше над играчот на Вест Хем Софијан Фегули, а Дин му покажа црвен картон на Фегули, зошто го направи тоа не му беше на никого јасно.
The Sofiane Feghouli red card after a challenge on Phil Jones. Harsh from Mike Dean. [via @UllalIBT] #MUFC pic.twitter.com/rwTl7ERqDD
— RedMancunian (@RedMancunian) January 2, 2017
Во 2015 година на натпреварот помеѓу Арсенал и Челзи Диего Коста со еден груб удар го испрати Габриел Паулиста на под. На играчот на Арсенал тоа не му се допадна и влезе во расправа со Коста, но немаше физички контакт, меѓутоа Дин одлучи да го исклучи Паулиста.
https://www.youtube.com/watch?v=I529CapRcXs
Контроверзен момент имаше и во 2014 година кога го исклучи повредениот голман на Хал, Алан Мекгрегор после дуелот со играчот на Вест Хем. Мекгрегор поради повреда мораше да го напушти теренот, но Дин му покажа и црвен картон.