Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Најискусните во Србија поставиле услов – или ние или Пикси!

Најискусните во Србија поставиле услов – или ние или Пикси!

Бурно е во Србија по вчерашната елиминација од Европското првенство уште во групната фаза.

Драган Стојковиќ-Пикси ќе остане на клупата на Србија, самиот најави дека нема да поднесе оставка, додека ако раководството на сојузот сака да го избрка ќе треба да му плати еден милион евра. (ТУКА).

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Но, денеска „Информер“ пренесува дека најискусните фудбалери во тимот нема да играат додека е Пикси селектор.

Наводно, Душан Тадиќ, Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ Савиќ и голманот Рајковиќ повеќе нема да го носат дресот на репрезентацијата додека не дојде до смена.

Ако информацијата на „Информер“ е точна нема дилеми дека во Фудбалскиот сојуз на Србија ќе мораат да размислат и покрај високата оштета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…