Дома Фудбал Најголемиот шок летово: Дојде во Барселона како ѕвезда, а сега никој не верува каде оди на позајмица

Најголемиот шок летово: Дојде во Барселона како ѕвезда, а сега никој не верува каде оди на позајмица

Очигледно Барселона ќе биде многу активна до крајот на преодниот рок, а шпанските медиуми пренесуваат дека ќе има уште неколку заминувања од тимот.

Меѓу играчите на кои повеќе не смета Чави Ернандез е и Ерик Гарсија, кој е пред изненадувачки трансфер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Чави направи многу промени во играчкиот кадар во однос на минатата сезона, но се чини дека до крајот на преодниот рок ќе има уште неколку влезни и излезни трансфери во каталонскиот клуб.

Барселона е многу блиску до комплетирање на пристигнувањето на Жоао Кансело, кој пристигнува на едногодишна позајмица од Манчестер Сити и моментално тоа е приоритет на челниците на клубот.

Но ќе има и заминувања од Барселона бидејќи не се сите задоволни од својот статус во тимот. Ова пред се се однесува на Ерик Гарсија, кој ја нема минутажата со Чави која ја очекува, и не е задоволен од резервната улога во Барселона.

Гарсија доби зелено светло од Чави да го напушти клубот и целта му е да најде тим во кој ќе игра редовно.

Сепак, многумина се изненадени од информацијата дека Гарсија ќе направи чекор назад во однос на кариерата бидејќи е пред заминување во Џирона, што очигледно никој не очекуваше дека ќе се случи ова лето.

Гарсија нема ништо против да оди во Џирона бидејќи е свесен дека таму ќе има многу повеќе можности да игра отколку во Барселона. Тој сака да се врати во форма и да му докаже на Чави дека заслужува многу поголема шанса во Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлична вест за Милан пред клучниот натпревар во Неапол

Во понеделник од 20.45 часот на „Марадона“ ќе се игра големото дерби од 31. коло на Серија…