Дома Топ вести Најголема грешка историјата – како Барса го пропушти „новиот Меси“

Најголема грешка историјата – како Барса го пропушти „новиот Меси“

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио гостуваше во телевизиската емисија „COPE“ и призна дека бил многу блиску до трансфер во Барселона.

Асенсио откри дека Барселона прва се обидела да потпише со него, но не успеала да постигне договор со Мајорка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кога дебитирав за првиот тим на Мајорка се појави Барса која беше заинтересирана за мене. На крајот, тоа беше судбина. Барса не успеа да постигне договор со Мајорка и сега сум среќен што сум овде, бидејќи јас сум навивач на Реал“, открива Асенсио.

„После неуспешните преговори со Барса ми се јави агентот и ми кажа дека Реал е заинтересиран за мене. После неколку часа со приватен авион пристигнав во Мадрид и потпишав за Реал“, додава младиот Шпанец.

Реал не направил грешка и го донесе Асенсио за 4 милиони евра, а денес тој важи за еден од најголемите таленти во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…