Позната е љубовта на Јусеин Болт кон фудбалот, а сега конечно доби прилика да покаже и докаже што умее со фудбалската топка.
„Малку сум нервозен“, призна најбрзиот човек во светот, откако на јавноста и откри дека ќе ги проба своите фудбалски вештини во Борусија Дортмунд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалот е една од големите спортски љубови на Болт, а со Борусија го поврзува истиот спонзор „Пума“.
„Повредата е зад мене. Целосно сум подготвен. Во март ќе одам на проба во Дортмунд, потоа ќе видиме што ќе биде со мојата фудбалска кариера. Ако ми кажат дека сум добар и дека треба уште малку да тренирам ќе продолжам. Верувам во себе“, изјави Болт.
Најголема негова желба е да заигра за клубот чии е голем навивач.
„Мојот сон е да заиграм за Манчестер Јунајтед. Доколку во Дортмунд ми кажат дека сум добар ќе тренирам многу силно. Не сакам да бидам просечен. Освојувањето на Лигата на шампионите би било блиску до она што го постигнав во атлетиката. Знам дека нема да се посрамотам“, изјави најбрзиот човек на светот.