Најбизарниот гол досега сезонава се постигна во Шведска, а главен виновник е голманот на Хамарби, Оливер Довин.
Во поразот 3:1 од Хакен 20-годишниот голман направи неверојатен кикс уште во четвртата минута. Тој доби една повратна топка од својот соиграч со која не требаше да има проблеми, но додека се припремаше да ја прими не забележа дека топката помина зад него.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Кога забележа, веќе беше доцна и фудбалерот на Хакен Бени Траоре знаеше тоа да го искористи и да постигне гол.
Коментари