Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ се најде во центарот на корона скандал: Отворена истрага против него!

Ибрахимовиќ се најде во центарот на корона скандал: Отворена истрага против него!

Златан Ибрахимовиќ се најде во центарот на нов скандал откако претходно влезе во проблем поради судирот со главниот директор на Милан, Иван Газидис.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Напаѓачот на Милан во овој момент се наоѓа во Шведска каде што се опоравува од повредата, а вчера се појави на стадионот на Хамарби за да го гледа натпреварот на својот тим против Остерсунд. Хамарби победи со 2:0, а Златан по завршувањето на средбата се симнал во соблекувалната да им честита на фудбалерите и така се најде скандал.

„Газета“ утрово пишува дека Ибрахимовиќ на тој начин ги прекршил правилата бидејќи поради мерките против коронавирусот во соблекувалната можат да влегуваат само играчите и лицата за одржување на истите.

Ќе потсетиме, во Шведска од појавувањето на пандемијата од корнавирусот 52.383 луѓе беа позитивни, а 4891 лица починаа.

И во шведските медиуми исто така се пишува за оваа ситуација, а некои тврдат дека Шведскиот фудбалски сојуз би можел да отвори истрага против Ибрахимовиќ за овој потег.

„Не би сакале да ги откриваме деталите за истрагата, но таа е во тек“, изјави Матс Енквист, главниот адвокат на Фудбалскиот сојуз на Шведска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…