Пред три дена екипата на Барселона го совлада Порто со 2:1 и така го обезбеди осминафиналето во Лигата на шампионите, меѓутоа овој натпревар ќе биде запаметен по друго нешто.
Тренерот Чави Ернандез на овој натпревар не започна со ниту еден играч од Каталонија и такво нешто на Барселона не и се случило 21 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Натпреварот за Барселона го стартуваа: Ињаки Пена, Араухо, Кунде, Ињиго Мартинез, Кансело, Педри, Френки де Јонг, Илкај Гундоган, Рафиња, Левандовски и Жоао Феликс.
На клупата имаше каталонци, а настапија младите Алехандро Балде и Ламине Јамал. Интересно е што последен пат Барселона без каталонски играчи била во натпревар против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, тој дуел пред 21 година „кралевите“ го добија со 2:0.