Манчестер Сити во саботата ја совлада екипата на Вотфорд, додека ден подоцна Ливерпул беше подобар од Барнли.
Така ситуацијата на врвот на табелата остана непроменета. Манчестер Сити и понатаму е прв и сега има 74 бода, само бод повеќе во однос на второпласираниот Ливерпул. Вистина, изгледа дека Сити е во нешто подобра форма, а „Граѓаните“ имаат и полесна задача во реваншот од осмина финалето во Лигата на Шампионите, па би биле поодморени во продолжението од натпреварувањето во Премиер лигата.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Сити и Ливерпул до крајот на сезоната во Премиер лигата ќе одиграат по уште осум натпревари, а тоа секако ќе бидат дуели кои ќе одлучат за новиот шампион во Премиер лигата. Манчестер Сити до крајот на сезоната во Премиер лигата ќе игра против Фулам, Кардиф, Кристал Палас, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Барнли, Лестер и Брајтон.
Од другата страна, Ливерпул до крајот на сезоната ги очекува дуели против Фулам, Тотенхем, Саутемптон, Челзи, Кардиф, Хадерсфилд, Њукасл и Вулверхемптон. Јасно е дека не очекува многу интересна трка за титулата, а секој кикс на еден од тимовите би можел да биде одлучувачки.