Салцбург одигра одлична сезона и промовираше неколку млади таленти предводени од Ерлинг Халанд.
Друг фудбалер на австрискиот тим кој го привлече вниманието на многу европски гиганти е играчот за врска Доминик Собослај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
19-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.
Најсилен интерес за Собослај покажуваше Милан и веќе започна преговори со неговиот агент, но сега пристигнуваат информации дека Наполи е спремен да го „украде“ играчот пред носот на „росонерите“.
Наполитанците се спремни да ја платат откупната клаузула од 25 милиони евра и веќе го информирале неговиот агент, кој треба да пристигне во Италија на финални преговори.