Зимскиот преоден рок е се поблиску, па клубовите веќе се во потрага по јануарски засилувања. Еден од најбараните фудбалери на пазарот и овој пат ќе биде дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис во неколку наврати одбил понуда од 80 милиони евра за Кулибали.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Сенегалецот се уште е мета на многу европски гиганти како Барсеона и Манчестер Јунајтед, пишува еминентниот весник.
27-годишниот дефанзивец оваа сезона одигра 16 натпревари за Наполи и е незаменлив кај тренерот Карло Анчелоти.
Кулибали се етаблираше во еден од најдобрите стопери во Европа, па Наполи е спремен да ги одбие сите понуди кои ќе пристигнат, а ќе бидат помали од 100 милиони евра.
Revealed: #Napoli refused monstrous offers for #Koulibaly last summer https://t.co/MweuJ7E08a pic.twitter.com/Pxum9SNGMd
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) November 21, 2018