Адем Љаиќ влезе во отворена расправија со тренерот Синиша Михајловиќ, а тоа најверојатно ќе значи промена на клубот во зимскиот преоден рок.
„Тутоспорт“ пренесува Љаиќ е на излезна врата од Торино откако имаше расправија со Михајловиќ пред мечот со Лацио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека Србинот ќе остане во Италија, бидејќи за него интерес покажуваат Наполи и Милан.
Наполитанците имаат потреба од поширок кадар за да можат да крај да се борат за Скудетото, додека на Милан му е потребен нов напаѓач откако се врати на формацијата 4-3-3.
„Биковите“ за неговата слобода бараат 15 милиони евра, а доколку се реализира трансферот тоа за Љаиќ ќе биде 5-ти клуб во Италија, после Торино, Интер, Рома и Фиорентина.