Дома Фудбал Италија Наполи заборави да победува, голема победа на Рома (видео)

Наполи заборави да победува, голема победа на Рома (видео)

Рома попладнево го совлада Наполи со 2:1 во големото дерби на „Олимпико“ и додатно ја „разгоре“ кризата во тимот на Анчелоти.

Нашиот репрезентативец Елиф Елмас од клупата го следеше мечот, кој започна одлично за домаќините.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Заниоло со прекрасен погодок од дваесетина метри уште во 8-та минута го отвори резултатот, а десетина минути подоцна „волчицата“ пропушти голема шанса да ја дуплира предноста. Имено, Коларов биеше од белата точка, а неговиот удар го одбрани голманот Мерет.

Во вториот дел повторно беше досуден пенал за Рома, а овој пат сигурен од белата точка беше Верето. До крајот Наполи успеа преку Милик да го ублажи поразот за конечни 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ван Дајк за поништениот гол: Не гледам смисла да дискутираме

Иако Ливерпул беше надигран во играта, останува прашањето дали е оштетен за еден гол. Капи…