Наполи го договори трансферот на играчот од средниот ред на Тотенхем, Танги Ндомбеле, објавија италијанските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ндомбеле не беше во плановите на Конте, па Тотенхем се согласи да го пушти на едногодишна позајмица.
Наполи за позајмицата ќе плати 1 милион евра, а ќе има опција следното лето да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра.
Ндомбеле ќе биде замена за Фабијан Руиз, кој наскоро од Наполи ќе се пресели во Пари Сен Жермен.