Дома Фудбал Италија Наполи го „блиндира“ Фабиан Руиз

Наполи го „блиндира“ Фабиан Руиз

Раководството на Наполи ќе направи нов обид да го продолжи договорот на својата ѕвезда Фабиан Руиз.

Актуелниот договор на Шпанецот со Наполи истекува во 2023 година, но Руиз со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се на Реал Мадрид и Барселона.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека Наполи нема лесно да се откаже од играчот за врска и му нуди нов договор со значително зголемување на платата.

Не е тајна дека Фабиан Руиз е на мета на Реал Мадрид, Барселона и Ливерпул, па поради тоа Наполи сака што е можно побрзо играчот да потпише нов договор.

Имено, Наполи му нуди на Шпанецот двојно поголема плата, односно 4 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видете колку пари ќе освои секој тим на Светското клупско првенство

Започнувањето на Светското клупско првенство во САД предизвика многу дискусии и критики од…