Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи е заинтересиран за напаѓачот на Рома, Тами Абрахам.
Минатата сезона Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Оваа сезона игра нешто послабо, а медиумите откриваат дека влегол во конфликт со тренерот Мурињо, па Рома е спремна да го продаде на лето.
Наполи будно ја следи ситуацијата и во него гледа идеална замена за Осимен, кој игра фантастична сезона, па Наполитанците тешко ќе можат да го задржат.
Европските гиганти се спремни да понудат повеќе од 100 милиони евра за Осимен, па доколку замине, Наполи ќе се насочи кон Абрахам.