Дома Трансфер зона Напаѓач од Бундеслигата е најскапото засилување во историјата на Нотингем Форест

Напаѓач од Бундеслигата е најскапото засилување во историјата на Нотингем Форест

Тимот на Нотингем Форест денес соопшти дека се засилил со досегашниот фудбалер на Унион Берлин, Тајвон Авони.

Овој 24 годишен нигерски напаѓач со повратникот во Премиер лигата потпиша договор на пет години. Клубот соопшти дека во прашање е рекорден износ на трансферот, но не прецизираше колку. Британските медиуми шпекулираат дека тој рекорд изнесува 17 милиони фунти.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Авони од 2015 до 2021 година беше играч на Ливерпул, но никогаш не заигра за првиот тим. Испраќан беше на бројни позајмици пред минатата сезона Унион Берлин да го откупи неговиот договор.

Минатата сезона во дресот на германскиот клуб одигра 43 натпревари и постигна 20 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…