Дома Останати Надал со победа ја прослави „илјадарката“

Надал со победа ја прослави „илјадарката“

Рафаел Надал е третиот од активните тенисери кој стигна до бројката од 1.000 мечеви во кариерата. Во јубилејниот меч, Шпанецот, го победи Филип Колшрајбер откако првиот сет го загуби со нула, а потоа ги доби наредните два 6:2, 6:3.

„Илјада мечеви, тоа е навистина многу. Тоа е добра вест бидејќи значи дека имам долга кариера. Со години слушам дека мојата кариера ќе биде кратка. Се сеќавам и на првиот меч (2003) го играв дома на Мајорка, тоа беше мојата прва АТП победа“, изјави Надал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од активните тенисери повеќе мечеви имаат одиграно само Давид Ферер (1.034) и Роџер Федерер (1.340). Надал има скор од 822 победи и 178 порази.

Најмногу професионални мечеви во сингл има одиграно Американецот Џими Конорс (1535), додека Надал на вечната листа се наоѓа на 11-то место.

Вкупно во кариерата шпанскиот тенисер има освоено 69 трофеи во сингл, од кои 14 на Грен слем турнирите, 28 на Мастерс турнирите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ погоден од трагедијата: Како Србинот се збогуваше од трагично настраданата колешка (Фото)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, беше првиот меѓу сите српски тенисери ш…