Дома Останати Тенис Надал во два сета го елиминираше Ѓоковиќ за финале во Рим

Надал во два сета го елиминираше Ѓоковиќ за финале во Рим

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во финалето од Мастерс серијата 1000 во Рим.

Надал во првото полуфинале во Рим ја потврди одличната форма на земјена подлога и го сруши Новак Ѓоковиќ.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Надал поведе со 4:2 во првиот сет, сепак Новак успеа да го врати брејкот за Шпанецот во тај-брејкот да стигне до предност.

Тој момент малку како да го погоди Ѓоковиќ кој веќе во третиот гејм го изгуби сервисот и Надал поведе 3:1, а на крајот дојде и до нова победа.

Ова беше прв меч на Новак и Рафа во новата сезона, а во претходниот минатата година Надал во Мадрид славеше со 2:0. Кога во прашање е меѓусебниот скор Ѓоковиќ има 26 победи, Надал 25.

Во финалето Надал ќе игра против подобриот од мечот Чилиќ – Зверев.

Надал – Ѓоковиќ 7:6, 6:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тони Надал залага за револуција во тенисот: Откри што според него би ја подобрило играта

Тони Надал, чичко и тренер на пензионираната легенда Рафаел Надал, и понатаму е поддржувач…