Лајпциг во овој момент ен ајголем ривал на Баерн во Германија откако Борусија Дортмунд доживеа значаен пад на формата.
Јулијан Нагелсаман на ироничен начин ги критикуваше потезите на Баерб за викендот и одлуката баш во тој момент да го потврдат трансферот на Дајот Упамекано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хасан Салихамиџик го потврди трансферот непосредно пред мечот на Лајпциг.
„Среќен см што можам да потврдам дека трансферот на Дајот Упамекано е завршен. Имавме интезивни преговори со Дајот и неговиот агент Волкер Струт во изминатите неколку месеци и сега се е завршено“, гласеше изјавата на Салихамиџиќ.
Два дена подоцна тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелссман испрати критики до луѓето во Баерн.
„Мојот тим и јас бевме сконцентрирани на натпреварот и не дававме важност на веста која стигна 20-тина минути пред натпреварот. Упамекано има откупна клазула и тој самиот одлучува за неговата иднина. Морате да ги прашате во Баерн зошто таа вест ја објавија на 20 минути пред нашиот натпревар“, порача Нагелсман.
Инаку, Баерн го обезбеди потписот на Упамекано така што ќе ја плати откупната клазула во износ од 42 милиони евра.