Дома Фудбал Италија Нагатомо спречи сензација на „Меаца“: Седмата пенал серија кобна за третолигашот Проденоне

Нагатомо спречи сензација на „Меаца“: Седмата пенал серија кобна за третолигашот Проденоне

Екипата на Интер на домашен терен се намачи против третолигашот Порденоне, па по пенал рулетот екипата од „Меаца“ го обезбеди местото во четвртфиналето од Купот на Италија.

По 0:0 одиграни по 90 минути, Проденоне го имаше големиот Интер се до последен момент во рака.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во текот на регуларниот дел се нижеа шанси, но не им појде од рака на домашните да поведат и лесно да ја минат оваа фаза против лесниот противник, кој во суштина се покажа како силен во овој меч.

Во финишот на двете продолженија, доминацијата и притисокот на Интер продолжи пред противничкиот гол,  но на изненадување на многумина големиот милански клуб го донесе мечот до пенал партија.

По првата серија од пет пенали, Скринар и Гаљардини, односно Мисураца и Лули ги промашија своите единаесетерци, по што повторно беше 3:3, па се продолжи натаму.

Пресуден за малиот италијански клуб беше промашениот пенал на Пароди во седмата серија, која пак, се покажа како среќна за Нагатомо и Интер кои на крајот го славеа пласманот во четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Емери го пронајде идеалниот напаѓач, но дали 55.000.000 евра ќе бидат доволни?

Астон Вила официјално побара информации за можен трансфер на робусниот шпански напаѓач Сам…