Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку во изминатата сезона не се прослави на позајмицата во Челзи и одигра лоша сезона, па како што стојат работите Интер нема да го откупи неговиот договор.
Сепак, се најавува и дека нема да остане во Челзи, а „Газета дело Спорт“ тврди дека Белгиецот би можел да направи големо предавство кон својот досегашн клуб. Имано, наредната сезона Лукаку може да го гледаме во дресот на градскиот ривал на „нероаѕурите“ – Милан!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан според информациите на „Газета“ е сериозно заинтересиран за услугите на Лукаку и веќе влегол во преговори со Челзи за позајмица на една година со можност за откуп.
Челзи наводно нема ништо против, бидејќи Покетино сака друго решение во нападот, а како ќе се одвиваат работите останува да видиме.
La prima pagina della Gazzetta di oggi:
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) June 22, 2023
📣 MILAN SU LUKAKU
Le notizie 👉 https://t.co/1BDXAqKwJ5 pic.twitter.com/knNXE8vskM